Хроника
Велешката полиција поднесе кривична пријава за жител на село Извор за „давање лажен исказ“ дека ја изгубил возачката дзвола
СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 48-годишниот М.М. од село Извор, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“, казниво по член 367 од Кривичниот законик.
Како што денеска информираат од СВР Велес, М.М. на 10.11.2025, пополнил и потпишал писмена изјава дека ја изгубил возачката дозвола и поднел барање за издавање на дупликат возачка дозвола. По извршени проверки, констатирано е дека М.М. возачката дозвола која ја пријавил за изгубена, ја приложил во Германија, со цел да изврши замена за германска возачка дозвола.
февруари 10, 2026

