Connect with us

Хроника

Лишен од слобода жител на неготинско село, обвинет за напад врз неговиот тетин

Жител на неготинско село бил лишен од слобода, откако во полиција било пријавено дека физички го нападнал неговиот тетин.

Од Секторот за внатрешни работи – Велес денеска информираа дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода 31-годишник од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнал неговиот 61-годишен тетин.

– Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4