Connect with us

Хроника

Приведени две лица од Куманово, пронајдена марихуана и дигитална вага

СВР Куманово уапси две лица од Куманово и одзеде марихуана и дигитална вага. Полицијата утврдила дека ја поседувале и препродавале, соопшти денеска МВР.

– Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.К.(24) и Ј.С.(18), двајцата од Куманово. При претрес во домот кај М.К., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека заеднички ја поседувале и препродавале дрогата, соопшти денеска МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4