Хроника
Внук го пронашол вујкото мртов во шахта во Гостивар
Внук го пронашол вујкото мртов во водоводна шахта во Дебреше, Гостиварско, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Тој појасни дека настанот во гостиварската полициска станица, синоќа го пријавил С.Р. од гостиварското село Дебреше.
– Вчера (30.01.2026 година) во 18:15 часот, во ОВР Гостивар, С.Р. од село Дебреше пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ.(75), вели портпаролот Реџепи.
На местото на настанот извршен бил увид од страна на јавен обвинител и криминалистичка полиција од Гостивар. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
јануари 31, 2026

