Connect with us

Тенис

Во извонреден меч Ѓоковиќ го совлада Синер во полуфиналето на Австралија опен

Во меч со пет сета десеткратниот победник на Австралија опен Новак Ѓоковиќ со 3:2 во сетови (3:6; 6:3; 4:6; 6:4 и 6:4) го победи двократниот и актуелен шампион на овој Гренд слем турнир Италијанецот Јаник Синер.

Синер во два наврати водеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но Ѓоковиќ успеваше да изедначи. Во решавачкиот сет во првите три гема на свој сервис Ѓоковиќ успеа да спаси и осум брејк топки, а ја реализираше и третата меч топка. Со оваа победа тој водено ја прекина серијата од пет порази во меѓусебните дуели со Синер.

Во финалето број 11 во Мелбурн во недела Ѓоковиќ ќе игра против првиот светски рекет Карлос Алкараз, кој во најдолгото полуфинале со 3:2 во сетови го победи Александер Зверев. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2