Хроника
Приведени возачи во Пробиштип и Гевгелија затоа што управувале возила под дејство на алкохол
Полициски службеници лишиле од слобода возачи во Пробиштип и Гевгелија, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На ул.„Кочо Рацин“ во Пробиштип синоќа во 23:40 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Д.Г.(41) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, како што наведуваат од МВР, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Г., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,66 промили алкохол во крвта.
На 30.01.2026 во 01:20 часот на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.М.(58) од Валандово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал М.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, од МВР најавуваат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
јануари 31, 2026

