Connect with us

Фудбал

Тимо Вернер потпиша за Сан Хозе

Германскиот фудбалер Тимо Вернер ги напушти редовите на бундеслигашот Лајпциг и потпиша договор со МЛС лигашот Сан Хозе.
Вернер (29) стави потпис на договор со американскиот клуб до крајот на јуни 2028 година, а финансиските детали не се објавени.

Оваа сезона, Вернер одигра три натпревари за Лајпциг во сезоната 2025/26 на кои влезе од клупата за резерви и на теренот мина скромни 13 минути.

Вернер во кариерата претходно настапуваше за Штутгарт, Челзи и Тотенхем.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4