Connect with us

Фудбал

Халанд го стигна Ван Нистерлој на листата на стрелци во ЛШ

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, синоќа постигна гол во победата од 2:0 над Галатасарај во Лигата на шампионите во 8. коло.

Дваесет и петгодишниот Норвежанец го отвори резултатот во 11. минута по додавање на Жереми Доку. Со ова, Халанд постигна 56 гола во 56 натпревари во натпреварувањето. Тој се искачи на осмото место на листата на стрелци во Лигата на шампионите на сите времиња, израмнувајќи се со Холанѓанецот Руд ван Нистелрој (56 гола).

Германецот Томас Милер е седми со 57 гола. Португалецот Кристијано Роналдо е на врвот на листата со 140 гола.

Манчестер сити заврши на осмото место во генералниот пласман во Лигата на шампионите со 16 бода и се пласираше во осминафиналето. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2