Connect with us

Фудбал

Бразил размислува за нов договор со Анчелоти

Бразилската фудбалска федерација размислува за продолжување на договорот со актуелниот селектор Италијанецот Карло Анчелоти. Претседателот на Бразилската фудбалска федерација Самир Шауд за медиумите потврди дека Анчелоти би можел да остане на селекторската позиција.

–  Преговорите се во тек, а двете страни имаат желба за продолжување на соработката. Тоа ќе биде исклучително важно за Бразил, нов договор да имаме пред почетокот на Мундијалот. Тој едноставно е совршен за Бразил и за кус период го потврди квалитетот, изјави Шауд.

Карло Анчелоти на клупата на Бразил седна во мај минатата година, а досега има осум натпревари за „кариоките“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3