Connect with us

Хроника

Момче починало во Кавадарци, телото на обдукција

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото било дадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 22:30 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во домот во село Возарци, кавадаречко, починал С.П., на возраст од 24 години од село Возарци. Лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопштија од СВР – Велес.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2