Connect with us

Фудбал

Кристал Палас ја одби понудата на Јувентус за Матета

Премиерлигашот Кристал Палас ја отфрли понудата на Јувентус за трансфер на францускиот напаѓач Жан-Филип Матета (28), јавија денеска италијанските медиуми.
Јувентус понуди два милиони евра за шестмесечна позајмица и 28 милиони за откуп на договорот на крајот од сезоната, при што откупот е задолжителен доколку италијанскиот клуб обезбеди најмалку пласман во Лига Европа.

Медиумите наведуваат дека Кристал Палас е повеќе заинтересиран за продажба на Матета, бидејќи му преостануваат уште година и пол од договорот. Англискиот клуб ја проценува пазарната вредноста на Матета на 40 милиони евра.

Матета постигна десет голови и додаде две асистенции во сите натпреварувања оваа сезона. Пред да му се приклучи на Кристал Палас, францускиот фудбалер настапуваше за Лион, Ле Авр и Мајнц.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 3