Тенис
Алкараз ја мина првата пречка на Австралија опен
Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз со победа од 3:0 во сетови против Адам Волтон (Австралија) го стартуваше настапот на Австралија опен. Шпанскиот тенисер единствено во вториот сет имаше проблеми со домашниот тенисер кога сетот го доби во тај брејк, а Волтон имаше брејк предност, но Алкараз веднаш го врати загубениот гем на свој сервис.
Од фаворитите пласман во следната рунда изборија Александар Зверев и Александар Бублик.
Утре на терените на Мелбурн парк ќе се појави и Новак Ѓоковиќ повеќекратен победник на Австралија опен.
јануари 19, 2026


