Тенис
Синер: Од допинг скандалот излегов посилен
Пред почетокот на новото издание на Австралија опен (почнува во недела) актуелниот шампион Јаник Синер е во центарот на вниманието. Ланскиот настап за Синер беше одбележан со голем притисок од јавноста, особено што беше позитивен на забранети супстанции во текот на 2024 година.
– Минатата година беше тешка, едноставно во тие моменти не знаев што ќе се случи. Се трудев да уживам на теренот и тоа постојано ми беше во главата. Суспензијата ми заврши во мај, а враќањето беше импресивно со освоен Вимблдон и вториот место на АТП ранг-листата зад Алкараз. Тенисот сега го доживувам на еден сосема поинаков начин – по опуштено, изјави Синер на прес-конференција.
Во првото коло Синер ќе игра против Французинот Уго Гастон.
јануари 17, 2026


