Фудбал
Гвардиола: Играме за да стигнеме до финалето
Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги искажа впечатоците за победата од 2:0 над Њукасл синоќа во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Купот на Англија.
– Сè е во ред. Тоа беше првиот чекор кон финалето. Настапот на Семењо? Знаеме дека Борнмут заврши неверојатна работа со него и секој пат кога топката ќе стигне до него, таа секогаш завршува на вистинското место. Вториот поништен гол поништен? Четири судии и ВАР не можеа да донесат одлука, па мораа да го проследат тоа до судијата. Разбираме како функционира, а оваа ситуација ќе нè направи посилни. Ова е полуфинале. Играме за да стигнеме до финалето, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.
Реваншот ќе се одржи во Манчестер на 4 февруари.
Во другото полуфинале ќе играат Челзи и Арсенал (првиот натпревар е вечер од 21 часот, а реваншот на 3 февруари).
јануари 14, 2026


