Connect with us

Кошарка

Браун ја прифати казната од 35 илјади долари

Еден од најдобрите играчи на Бостон Џејлен Браун е казнет со 35.000 долари поради критики упатени кон судиите на саботниот натпревар со Сан Антонио.

– Уморен сум од се и ја прифаќам казната. Доста ми е од се особено кога играме против некоја добра одбранбена екипа. Судиите не судат лични грешки во наша корист, а на спротивната страна го судат секој контакт, како ние да играме прецврсто. Тоа навистина фрустрира. Се надевам дека некој ќе направи видеоклипови од спорните ситуации, изјави Браун.

Во прилог на коментарите на Браун е скорот на слободни фрлања на тој натпревар, Бостон изведоа само четири, а Сан Антонио 20.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 1