Connect with us

Фудбал

Романо: Тотенхем се согласи за плати 40 милиони евра за Галагер

Тотенхем се согласи на трансфер од 40 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Конор Галагер.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, Спарс ќе платат 40 милиони евра за 25-годишниот Англичанец.

Претходно беше објавено дека мадридскиот клуб се согласил да го позајми играчот на Астон вила со опција за откуп, но тој го избрал Тотенхем Хотспур.

Договорот на Галагер со Атлетико е до летото 2029 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 35 милиони евра.

Во сезоната 2025/26, играчот од средниот ред одигра 27 натпревари, постигна три гола и имаше една асистенција.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 5