Connect with us

Фудбал

Енрике: Со шпекулации се обидуваат да не дестабилизираат, тоа нема да се случи

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, одговори на гласините за неговата неподготвеност да го обнови договорот со клубот.

– Ова се гласини што постојано кружат околу ПСЖ. Многу невистинити вести. Тие се обидуваат да ги дестабилизираат играчите и тимот, но тоа нема да се случи. Преговорите се нормален процес, но ќе останат доверливи, го цитира Енрике, новинарот Фабрицио Романо.

Претходно беше објавено дека 55-годишниот Енрике нема намера да го обнови договорот со ПСЖ, кој важи до летото 2027 година.

Енрике е на чело на ПСЖ од летото 2023 година. Под негово водство, парижаните освоија две француски првенства и Лигата на шампионите. 

Вкупно, ПСЖ освои десет трофеи под водство на шпанскиот тренер.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5