Тенис
Сабаленка по финалето во Бризбејн: Благодарам на моето момче, се надевам дека наскоро ќе можам да те викам некако поинаку
Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, му се обрати на своето момче, грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис, по победата во финалето на турнирот во Бризбејн, Австралија.
-Благодарам на моето момче. Се надевам дека наскоро ќе можам да те викам некако поинаку, нели? Само додавам дополнителен притисок, рече Сабаленка на церемонијата на доделување награди.
Франгулис се насмевна на зборовите на Сабаленка.
Во натпреварот за трофејот, Белорусинката утринава ја победи Украинката Марта Костјук со 6:4 и 6:3.
јануари 11, 2026


