Тенис
Сабаленка го освои турнирот во Бризбејн
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка утрово ја победи Украинката Марта Костјук во финалето на турнирот ВТА 500 во Бризбејн.
Мечот траеше 1 час и 19 минути и заврши со 6:4 и 6:3.
Првиот светски рекет сервираше еден ас и реализираше три од своите осум брејк топки.
Костјук која е 26. на ВТА ранг-листата постигна три асови, три двојни грешки и реализираше една од своите три брејк топки.
Ова беше петти меѓусебен натпревар и петта победа за Сабаленка.
Дваесет и седумгодишната Белорусинка го освои својот 22-ри ВТА турнир во своето 42. финале. Костјук има една титула во четири финалиња во кариерата.
Наградниот фонд на WTA Бризбејн Интернешнл во Австралија изнесуваше 1,2 милиони долари.
јануари 11, 2026

