Фудбал
Кристал Палас загуби од шестолигашкиот Маклсфилд во ФА Купот
Кристал Палас попладнево загуби со 2:1 од Маклсфилд во 1/32 финалето на ФА Купот.
Фудбалерот од средниот ред на домашниот тим, Пол Досон, го отвори резултатот во 43. минута. Исак Бакли-Рикетс го удвои водството на Маклсфилд во 60. минута. Јереми Пино го постигна единствениот гол за лондонци кон крајот на натпреварот.
Маклсфилд игра во Северната националната лига – шестата најсилна дивизија во Англија.
На други два денешни натпревари од истиот турнир, Вулверхемптон го победи Шрусбери Таун со 6:1, додека Лестер го совлада Челтнам Таун со 2:0.
јануари 10, 2026


