Connect with us

Фудбал

Миура: Годинава ќе го прославам 59 роденден, но мојата страст за фудбалот само расте

Јапонскиот фудбалски великан Казујоши Миура (58) изјави денеска дека речиси се откажал од враќањето во Џеј-лигата пред да потпише за Фукушима Јунајтед, изразувајќи надеж дека ќе придонесе со голови и асистенции во најновото поглавје од неговата кариера која им пркоси на годините.

Миура, познат како „Кралот Казу“, минатиот месец потпиша договор со јапонскиот третолигаш, обезбедувајќи ја својата 41. сезона како професионален фудбалер. Овој трансфер го враќа во Џеј-лигата, третото ниво на професионалната фудбалска лига на Јапонија, за прв пат од 2021 година.

– Мојата страст расте колку повеќе ја продолжувам мојата кариера. Иако стареам – ќе наполнам 59 години оваа година – чувствувам дека мојата страст за фудбалот само расте, изјави Миура за јапонските медиуми.

– Додека бев во Четвртата дивизија, чувствував дека нема да можам да се вратам во Џеј-лигата освен ако мојот тим не избори пласман во повисок ранг. Па, кога ја добив понудата од Фукушима Јунајтед, мојата желба да играм во Џеј-лигата стана уште посилн, додаде Миура.

Јапонскиот фудбалски ветеран, кој ја почна својата професионална кариера со бразилскиот клуб Сантос во 1986 година, минатата сезона одигра осум натпревари за четвртолигашот Атлетико Сузука, на кои не постигна гол, а неговиот тим испадна во понизок ранг.

-Моите очекувања се исти секоја година – само сакам да бидам на теренот барем една минута или една секунда подолго. Тоа е навистина сè. Малку е тешко да се изрази во бројки, но би сакал да можам да постигнувам голови или да асистирам. Ако тоа е она што најмногу му помага на тимот, тогаш мислам дека ќе дадам сè од себе, додаде Миура.
Миура постигна 55 голови на 89 настапи за Јапонија откако го имаше своето деби во 1990 година, но беше изоставен од составот за нивниот прв настап на Светското првенство во 1998 година, пред да се пензионира од репрезентативниот фудбал во 2000 година.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3