Фудбал
Реал Мадрид се избори за финале во Супер купот против Барселона
Фудбалерите на Реал Мадрид се изборија за финале во шпанскиот Супер куп откако синоќа во второто полуфинале го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2:1. На тој начин тие се изборија за финалето против Барселона кое ќе се игра на 11.јануари во недела. Каталонците претходниот ден убедливо со 5:0 го совладаа Атлетик Билбао.
Најзаслужен за победата на Реал е Валверде, кој во 2.минута донесе водство за својот тим, а во 55.минута му асистираше на Родриго за 2:0. Атлетико намали на 2:1 во 58.минута преку Александар Сорлот.
До крајот на натпреварот Атлетико имаше неколку шанси, но не успеа да го изедначи резултатот.
јануари 9, 2026


