Connect with us

Фудбал

Арсенал и Ливерпул одиграа здодевно дерби во Премиер лигата

Последниот натпревар од 21.коло од Премиер лигата одигран синоќа меѓу Арсенал и Ливерпул заврши без голови – 0:0. Нерешениот резултат на двата тима им донесе по еден бод, но љубителите на фудбалот очекуваа многу повеќе од лидерот Арсенал и шампионот Ливерпул.

Домашниот тим имаше иницијатива во првиот дел и во финишот на дуелот, додека гостите ја контролираа играта во второто полувреме. Најзрелата шанса ја имаше бекот на Ливерпул Конор Бредли, кој во 27 минута ја погоди пречката. Истиот играч во последната минута поради повреда предвреме го заврши дуелот.

Арсенал е лидер со 49 бодови, шест повеќе од Манчестер Сити и Астон Вила, додека Ливерпул е на четвртото место со 35 бодови.

Од вечерва до понеделник во Англија се играат натпреварите од ФА купот.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4