Connect with us

Фудбал

Мекфарлан: Челзи заслужи бодови против Фулам

Привремениот тренер на Челзи, Калум Мекфарлан, го коментираше поразот од 2:1 синоќа на гости кај Фулам во 21. коло од англиската Премиер лига.

– Беше тежок натпревар. Црвениот картон беше голем фактор што го промени нашиот план. Ќе мора да откриеме што се случи. Игравме добро со исклучок на мал дел од мечот. Челзи имаше многу можности и шанси во второто полувреме. Многу сум среќен што Лиам Делап го постигна израмнувачкиот гол, но Хари Вилсон погоди за домаќините во финишот и тоа го реши натпреварот. Челзи заслужи бодови во овој натпревар. До последните осум минути, бев уверен дека можеме да извлечеме нерешен резултат или дури и да ја одземе победата, изјави Мекфарлан по натпреварот.

Фулам има 31 бод и е на 8. место на табелата во Премиер лигата. Челзи е на 6. место со 31 бод.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4