Connect with us

Фудбал

Флечер: Ќе бидам тренер на Манчестер јунајтед против Брајтон, а потоа ќе видиме

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер, ги сподели своите мисли за неговата нова работа по синоќешното реми 2:2 со Барнли во 21. коло од англиската Премиер лига Лига.

– Фантастично искуство е. Разочаран сум што не победивме и не можам да го сокријам тоа, но во однос на управувањето со тимот, подготовките, навивачите, поддршката – беше задоволство, беше чест. Што е следно? Разговарав со одборот и ќе бидам менаџер против Брајтон, а потоа ќе видиме. Натпревар по натпревар, изјави Флечер за „Би-би-си“.

Во понеделникот на 5 јануари, Манчестер јунајтед го отпушти Рубен Аморим од функцијата главен тренер.

Манчестер јунајтед освои 32 бода и се наоѓа на 7. место на табелата во Премиер лигата.

Натпреварот од 1/32 финалето на ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон ќе се одржи в недела (11 јануари). 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1