Општини
Невзат Бејта најавува 25 капитални проекти за Гостивар и поголема транспарентност на локалната самоуправа
Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на повторните избори Невзат Бејта на денешната прес-конференција најави проекти и поголема транспарентност за се намали злоупотребата на службената должност.
Кандидатот, кој е поддржан од коалицијата ВРЕДИ, посочи дека во неговата програма има 25 капитални проекти поврзани со инфраструктурата, кои според него, ќе се реализираат во соработка со централната власт.
На прес-конференцијата Бејта нагласи дека со неговото доаѓање на чело на општината нема да се спроведува реваншизам кон вработени во општинската администрација без оглед на нивната партиска припадност. Доколку вработените ги извршувале своите должности совесно и чесно не треба да се грижат.
– Одговорноста не ја сносат администраторите, туку нивните надредени, Таравари и Лимани. За случаите на злоупотреба на службената должност како градоначалници кои ги презентирав претходно постојат документи и се доказ ќе биде доставени до надлежните институции за истрага и правда, рече Бејта.

Бејта изјави дека еден од главните приоритети на новото општинско раководство со кое ќе раководи е да се сопрат сите облици на злоупотреба и воедно да се зголеми транспарентноста во општина Гостивар.
Невзат Бејта деновиве ги искористи за средба со граѓаните и во директни разговори им ја презентираше програмата и побара поддршка да гласат за него на изборите на 11 јануари.
јануари 6, 2026


