Connect with us

Свет

Во акцијата за фаќање на Мадуро убиени повеќето од неговите телохранители

Голем дел од личното обезбедување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро беше убиен вчера во американската операција за негово апсење, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино.

Тој уште еднаш побара ослободување на Мадуро и го осуди „ладнокрвното“ убиство на неговите телохранители. Падрино не го наведе точниот број на убиени припадници на обезбедувањето на Мадуро.

Педрино го поддржа прогласувањето на потпретседателката Делси Родригез за ​​привремен претседател на земјата, врз основа на одлуката на Врховниот суд на Венецуела со која таа ја презема власта 90 дена.

Тој рече и дека вооружените сили на Венецуела се мобилизирани низ целата земја за да го гарантираат државниот суверенитет.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4