Connect with us

Фудбал

Галатасарај сака да го ангажира Угарте од Манчестер јунајтед

Турскиот шампион Галатасарај сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок со фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мануел Угарте (24), јавија денеска британските медиуми.
Намерата на Галатасарај е да го донесе Угарте на шестмесечна позајмица со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната, за сума од 20 милиони евра.
Уругвајскиот интернационалец оваа сезона одигра 12 натпревари за Манчестер Јунајтед, но само три пати беше во почетниот состав.
Галатасарај е лидер во турското првенство, со три бодови повеќе од второпласираниот Фенербахче, додека по шест кола од Лигата на шампиони со девет бодови е на 18. место кое му обезбедува плејоф за пласман во осминафиналето.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5