Connect with us

Свет

Најмалку 15 повредени фабрички работници во Јапонија – врз нив е истурен хлор и биле нападнати со нож

Петнаесет лица се повредени утринава во напад со нож и откако биле испрскани со хлор во фабрика во Јапонија, јавуваат медиумите.

Јапонската агенција Кјодо објави дека напаѓач, кој носел гас-маска, истурил хлор и ги нападнал со нож работниците во фабриката за гуми Јокохама во градот Мишима, на централниот остров Хоншу.

Напаѓачот (38) бил уапсен на местото на нападот, а неговиот мотив не е објавен.

Тешките форми на криминал се релативно ретки во Јапонија, која има ниска стапка на убиства и еден од најстрогите закони за оружје во светот. Меѓутоа, има повремени напади со нож, дури и со огнено оружје, а еден од нив беше атентатот врз поранешниот премиер Шинзо Абе во 2022 година.

Во октомври годинава еден Јапонец беше осуден на смрт за нападот со пиштол и нож во 2023 година во кој уби четири лица, вклучувајќи и двајца полицајци. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5