Connect with us

Тенис

Димитров ја прекина соработката со тренерот Валверде

Бугарскиот тенисер Григор Димитров ја прекина соработката со долгогодишниот тренер Даниел Валверде. Ова се случува само еден ден откако Карлос Алкараз објави дека повеќе нема да работи со Хуан Карлос Фереро.

Димитров со Валверде работеше во периодот од 2016 година (јуни) до 2019 година, а втората соработка ја имаше од 2022 година и во тој период Димитров успеа да се врати во ТОП 10.

– Неверојатен пат на и надвор од теренот. Ти благодарам што ме „буткаше“ да бидам најдобар, напиша Димитров.

Бугарскиот тенисер во моментов е на 44.место на АТП ранг-листата, откако имаше проблеми со повредите во текот на сезоната. Една од нив доживеа и на мечот со Јаник Синер на Вимблдон.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1