Connect with us

Фудбал

Делап ќе отсуствува неколку недели поради повреда

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, информира за состојбата на напаѓачот Лиам Делап.

-Сè уште не знаеме колку долго Делап ќе биде надвор од терените. Може да бидат две, три, четири недели. Сè уште не знаеме со сигурност, соопшти Мареска на англиските медиуми.

Дваесет и двегодишниот Англичанец заработи повреда на рамото на натпреварот против Борнмут и го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта (1:2) во вторникот.

Челзи денес од 16 часот ќе се соочи со Евертон во 16.коло од англиската Премиер лига.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3