Формула 1
Хаџар: Се чувствувам подготвен за премин во Ред Бул, мило ми е што и тимот го чувствува истото
Возачот на Рејсинг Булс, Исак Хаџар се произнесе за својот премин во Ред Бул. Тој ќе ја помине сезоната 2026 со австрискиот тим, во тандем со Макс Верстапен.
Во својата дебитантска сезона во Формула 1, Хаџар постигна пласман на подиумот на Големата награда на Холандија и моментално е на 10. место во генералниот пласман со 51 поен.
– Многу сум благодарен на Ред Бул за нивната доверба и можноста да се натпреварувам во Формула 1 на највисоко ниво. Ова е прекрасна награда по целата напорна работа што ја вложив. Имав многу подеми и падови во текот на мојата кариера, но Ред Бул продолжи да верува во мене и да ме поддржува. Оваа сезона со Рејсинг Булс беше апсолутно неверојатна. Научив многу, па дури и го постигнав мојот прв подиум во Ф1. И чувствувам дека благодарение на поддршката од тимот и вистинската подготовка, станав подобар возач и подобра личност. Се чувствувам подготвен за преселбата во Ред Бул и ми е мило што тимот го чувствува истото. Се радувам што ќе возам за истиот тим со Макс Верстапен, од кого можам да научам многу, изјави Хаџар.
Раководството на Формула 1 тимот Ред Бул вчера соопшти дека францускиот возач Исак Хаџар ќе биде прекомандуван во Рејсинг Булс.
декември 4, 2025

