Connect with us

Општини

Завршен тендерот за поставување на видео надзор во Штип

Заврши тендерската постапка за поставување на камери на 155 позиции во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека по завршување на постапката, сега веќе очекува  да се избере најповолен понудувач. Со поставувањето на видео надзор во Штип ќе се зголеми безбедноста во градот, а целта е да се намалат и девијантните појави, уништувањето на урбана опрема, паркови и слично.

-Тендерската постапка е завршена. Следните денови ќе се изврши и избор на најповолен понудувач, кој ќе има за обврска на 155 локации во нашиот град да постави видео надзори. Со тоа ќе се евидентираат сите девијантни појави, оштетувања на јавен простор, на урбана опрема, нешто што константно ни се случува како појава, рече Јорданов.

Тој додаде дека на влезовите во Штип ќе бидат поставени камери, но и на останати локации како сообраќајници, крстосници, булевари. Дополнително видео надзор ќе има во основните и средни училишта, во паркови, на јавни површини и слично.

-Локациите се утврдени во координација со СВР Штип, но и за потребите на институциите под Локална самоуправа вклучувајќи ги овде сите образовни институции, градинките, паркови, сообраќајници, крстосници, влезови на градот, и секако градската депонија, рече Јорданов.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1