Connect with us

Хроника

Неготинец лишен од слобода, возел со 1,84 промили алкохол во крвта

Неготинец  бил лишен од слобода, возел со 1,84 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

-Синоќа во 20:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Љ.Д.(58) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд “ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта, соопшти СВР Велес.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1