Фудбал
Ендрик ги напушта редовите на Реал
Младиот бразилски напаѓач Ендрик Фелипе Мореира де Соуса (19) би можел да го напушти Реал Мадрид оваа зима, пренесуваат денеска шпанските и бразилските медиуми.
Бразилскиот фудбалер пристигна во Реал како голема засилување во трансфер вреден околу 60 милиони евра од Палмеирас, но минува низ многу тежок период во клубот за кој оваа сезона одигра само 11 минути.
Гласините за можно заминување во претстојниот зимски преоден рок се сè погласни. Неговата цел е да најде клуб што ќе му овозможи да влезе во бразилската репрезентација за Светското првенство следното лето.
Бразилскиот тренер Карло Анчелоти потврди дека имал средба со младиот напаѓач, предлагајќи му да разговара со челниците на „Кралскиот клуб“.
„Да, разговарав со него на почетокот на сезоната. Беше повреден, но сега е добро, се врати и треба да размисли со семејството што е најдобро. Треба да разговара со клубот за да види што му одговара“, рече Анчелоти.
Ендрик зад себе има вкупно 36 настапи за Реал и седум постигнати голови, откако во јули лани дојде во мадридскиот гигант.
ноември 13, 2025

