Фудбал
Коло Муани ќе мине без операција
Францускиот фудбалер Рандал Коло Муани нема да има потреба од операција откако доби фрактура на вилицата за време на саботниот натпревар на Тотенхем против Манчестер јунајтед, јавија денеска британските медиуми.
Муани, кој се повреди во судир со дефанзивецот на Јунјатед, Хари Мегваер, беше заменет на полувремето и првично се стравуваше дека ќе мора да се подложи на операција, што ќе го оставеше надвор од теренот неколку месеци, но дополнителните испитувања покажаа дека тоа нема да биде потребно.
Фудбалерот на Тотенхем поради повредата го пропушти ноемврискиот собир на француската репрезентација, а сè уште не се знае точно колку долго ќе отсуствува од теренот.
Муани е најновото име на долгата листа повредени напаѓачи на Тотенхем на која се Соланке, Медисон, Кулушевски и Кудус.


