Connect with us

Фудбал

Дешамп потврди дека има понуда од саудиски клуб

Предводникот на француската репрезентација, Дидие Дешан, потврди дека имал разговори со претставници на саудиски фудбалски клуб за можна соработка откако ќе му истече селекторскиот договор.
Дешамп, притоа, ги негираше гласините околу негово евентуално враќање на клупата на Јувентус или назначување во бразилската репрезентација.
„Можеби имав некои контакти, но, не конкретно со Бразил. Нема да споменувам имиња, но тие ја знаат мојата ситуација“, изјави Дешамп.
Францускиот селектор, исто така, нагласи дека неговата одлука да ја напушти репрезентацијата по Светското првенство во 2026 година е конечна, без оглед на резултатите на францускиот тим.
Дешамп е на чело на француската репрезентација од летото 2012 година. Под негово водство, Франција го освои Светското првенство во 2018 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3