Connect with us

Тенис

Алкараз со победа го почна Мастерсот

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз Мастерсот во Торино го почна со победа. Тој во првиот меч од групата го совлада Алекс де Минаур со 2:0 во сетови (7:6(5) и 6:2).

Двата сета беа сосема различни. Во првиот Алкараз поведе со 4:1 во гемови, а испушти и три брејк топки за 5:1. Но, тогаш неговиот ривал „влезе“ во мечот и успеа сетот да го однесе во тајбрејк. Австралискиот тенисер поведе во тај-брејкот со 5:3 на поени и беше на чекор од изненадување, но Алкараз направи серија 4-0 и го доби сетот. На стартот од вториот сет имаше три брејка и Алкараз брзо стигна до водство од 5:1 и сетот го заврши со 6:2.

Во вториот меч од групата вечерва играат Александер Зверев и Бен Шелтон.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3