Connect with us

Фудбал

Слот не дозволува Собослај да замине во Баерн

Еден од најдобрите фудбалери на англискиот шампион Ливерпул во досегашниот дел од сезоната Доминик Собослај го привлече интересот на Баерн Минхен. Но, менаџерот на „црвените“ Арне Слот категорично изјави дека играчот не е на продажба.

Вестите стигнуваат од експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо.

Унгарскиот репрезентативец во Ливерпул стигна во 2023 година летото за 70 милиони евра и оваа сезона се изгради како најсигурен во тимот на Слот. Тој има договор до летото 2028 година, но во Ливерпул веќе му подготвуваат нов договор на подолг временски период.

Романо додава дека управата на Ливерпул веќе подготвува договори за Рајан Гравенберх и Собослај.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1