Фудбал
Без победник со четири голови на дуелот Тотенхем – М.Јунајтед
Првиот натпревар од 11.коло од Премиер лигата меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед заврши 2:2 со два гола во судиското надополнување на вториот дел. Нерешениот резултат е најреалниот исход на дуелот во Лондон.
Гостите од Манчестер поведоа во 32.минута со голот на Камерунецот Брајан Мбеумо. Домашниот тим успеа да изедначи во финишот на дуелот во 84.минута преку Матијас Тел, а водство за Тотенхем донесе Ричарлисон во 90+2.минута. Конечните 2:2 во 90+6.минута ги постави Матијас Де Лихт по корнерот на Бруно Фернандеш.
Тотенхем со 18 бодови е на третата позиција, додека Манчестер Јунајтед е седмото место со ист број бодови, но послаба гол-разлика
ноември 9, 2025

