Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Вардар го совлада Пелистер во Битола

Фудбалерите на Вардар се вратија на чело на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако вечерва го совладаа Пелистер на гостувањето во Битола со 2-1 во завршниот натпревар од 12 коло.

Вардар на дербито на стадионот „Петар Милошевски“ дојде во водство со голот на Мато во 54 минута, а победата на „црвено – црните“ им ја донесе Закариќ од пенал во 82 минута, откако претходно Петковски донесе израмнување на резултатот во 60 минута.

Претходно денеска, АП Брера и Силекс ремизираа 3-3 во Струмица.

Резултати – 12 коло:

Пелистер – Вардар 1-2

АП Брера – Струмица 3-3

Македонија ЃП – Струга 0-2 (вторник)

Работнички – Тиквеш 0-2 (вторник)

Арсими – Башкими 4-2 (понеделник)

Табела: Вардар 30, Струга 29, Шкендија 24 (-1), Силекс 22, Башкими 19, АП Брера 16, Арсими 15, Македонија ЃП 14, Тиквеш 12, Пелистер 8, Работнички 7, Шкупи 1 (-1).

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1