Фудбал
ПМФЛ: АП Брера и Силекс ги поделија бодовите
Во натпревар со шест голови, АП Брера и Силекс одиграа попладнево нерешено 3-3 во рамки на 12 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Стрелци за домашниот тим беа Михаилов (44 минута), Луковиќ (62) и Стојанов (69), додека головите за гостинскиот тим од Кратово ги постигнаа Мирчевски (19, пенал), Донов (49), Мигуел Пирес (50).
Силекс остана на четвртото место на табелата со 22 босови, додека АП Брера е шестопласирана со 16 бодови.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано вечерва со дербито во Битола меѓу Пелистер и Вардар.
ноември 6, 2025

