Connect with us

Фудбал

Куртоа: Реал мора да игра подобро

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, не е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот дуел со Ливерпул.

Реал загуби на „Енфилд“ со 1:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите, Куртоа беше еден од најдобрите на теренот спасувајќи го својот тим од повисок пораз.

– Реал мора да игра подобро. Во натпревари како денешниот, малите детали одлучуваат сè. Треба да останеме смирени. Пред нас е Олимпијакос, а тоа ќе биде уште еден тежок натпревар. Ако победиме, имаме добри шанси да завршиме меѓу првите осум, изјави Куртоа по натпреварот.

Ливерпул има девет бода и се наоѓа на 6.место на табелата, Реал Мадрид е петти исто така со шест бода. Водат Баерн и Арсенал со максимални 12 бода. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3