Connect with us

Скопје

Отворен современ повеќенаменски спортски центар во општина Ѓорче Петров

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска го пуштија во употреба комплетно реконструираниот повеќенаменски спортски центар во рамки на ООУ „Тихомир Милошевски“.

Овој проект, како што информира ресорното Mинистерство, претставува уште еден значаен чекор во рамки на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортска инфраструктура низ целата држава со цел спортот да биде достапен секаде и за сите.

-Нашата цел е секое дете, секој млад спортист и секој граѓанин да имаат можност да тренираат и да се рекреираат во современи услови. Со овие вложувања, не градиме само спортски објекти – градиме здрави навики, заедништво и идни шампиони, изјави министерот Борко Ристовски.

Новиот спортски центар располага со фудбалско игралиште, игралиште за кошарка со современа полипропиленска подлога, како и зона за рекреација опремена со спортски реквизити. Просторот ќе биде наменет пред сè за учениците од училиштето, но и за локалните спортски клубови и за граѓаните на општината.

Министерството за спорт најавува континуирани инвестиции во инфраструктурата како предуслов за развој на сите спортови и создавање услови за масовен спорт низ целата држава.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3