Connect with us

Фудбал

Александер-Арнолд: Моите чувства кон Ливерпул нема да се сменат

Англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд зборуваше за своето враќање на „Енфилд“ стадион каде доживеа фудбалска промоција. Во пресрет на дуелот од 4.коло од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, тој ќе се врати на стадионот на својата промоција.

Но, ТАА овојпат нема да биде на „црвената страна“ на стадионот. Десниот офанзивен бек родниот град го замени со Мадрид, а Ливерпул со Реал. Играчот не сакаше да го продолжи договорот со својот матичен клуб, а откако замина за Мадрид „кралскиот клуб“ мораше да исплати обесштетување од 10 милиони евра за играчот да може да настапува на Светското клупско првенство.

–  Без разлика на се, моите чувства кон Ливерпул нема да се сменат. Таму имам спомени за цел живот. Без разлика како ќе гледаат на мене, тоа нема да се смени, изјави ТАА во пресрет на дуелот.

И додека беше член на Ливерпул беше исвиркан од навивачите Енфилд. Неговиот настап на утрешниот дуел и натаму е неизвесен, по повредата на дебито за Реал Мадрид во Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј. Според најавите на „кралскиот клуб“ играчот најверојатно ќе биде на клупата за резерви.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3