Connect with us

Општини

Официјализиран вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски

Општинската изборна комисија, денес, официјално му го врачи Уверението за вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Според конечните резултати, на осмите локални избори, што се одржаа на 19 октомври 2025 година, уште во првиот круг, тој ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води Општина Илинден и во наредните четири години, се вели во соопштението од Општина Илинден, што МИА го пренесува интегрално. 

Уверението за избран градоначалник на Општина Илинден, на градоначалникот Александар Георгиевски, му го врачи претседателот на Општинската изборна комисија, Гоце Крстевски, на пригодна свеченост што се одржа во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“.

Уверенијата за избрани советници на Советот на Општина Илинден, ги примија и новите петнаесет советници:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата:

1. Светлана Слезенковска

2. Благоја Митровски

3. Борче Најдовски

4. Миле Стојановски

5. Влатко Љубовски

6. Мери Стаменковска

7. Марко Младеновски

8. Лука Трифуновиќ

9. Сара Ѓорѓиевска

10. Христина Колевска

11. Марко Трпески

СДСМ и коалицијата:

1. Мишо Марковски

Левица:

1. Ацо Христовски

ВМРО – Народна:

1. Сашо Секуловски

Движење ЗНАМ:

1. Ивица Јовановски

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг