Connect with us

Општини

Костадинов му ја предаде функцијата на новиот градоначалник Петар Јанков

Со ставање на значката со амблемот на Струмица досегашниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов му ја предаде функцијата на новоизбраниот Петар Јанков со што од денеска тој и официјално е градоначалник на Струмица, откако претпладнево од ОИК му беше врачено и уверението.

Во изјавата за медиумите Јанков истакна дека во следниот период, како што било ветено во изборната програма, се посветува на чесна и посветена работа за Струмица.

-Овие денови се планирани средби со раководителите и директорите на јавните претпријатија, да поразговараме во каква ситуација сме и во кој правец ќе се движиме понатаму, рече Јанков.

Досегашниот градоначалник, Костадин Костадинов му посака успешна работа на Јанков.

-Јас денеска во мое лично име сакам да честитам на мојот политички наследник како градоначалник на Општина Струмица, Петар Јанков, да му посакам плоден и успешен мандат, да му посакам многу храброст, истрајност и најважно од се трпение и автономност во одлуките коишто верувам и сум оптимист дека ќе бидат за доброто на сите во нашата Општина Струмица, изјави Костадинов.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Струмица, Петар Јанков победи во првииот круг на локалните избори со повеќе од пет илјади гласови разлика пред кандидатот на СДСМ, Марјан Даскаловски и по 20 години владејачката партија има свој градоначалник и мнозинство во Советот на Струмица. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг