Connect with us

Тенис

Руд го освои трофејот во Стокхолм

Норвешкиот тенисер Каспер Руд го победи Французинот Уго Хамберт попладнево во финалето на турнирот во Стокхолм.

Мечот траеше 1 час и 8 минути и заврши со резултат 2-о, по сетови 6:2 и 6:3.

Дваесет и шестгодишниот Норвежанец ја освои својата 14-та АТП титула и втората во 2025 година.

Наградниот фонд на турнирот во шведската престолнина изнесуваше 707 илјади евра.