Connect with us

Останати спортови

Британскиот боксер Хатон извршил самоубиство

Британскиот боксерски првак Рики Хатон (46), чие безживотно тело беше пронајдено на 14 септември, извршил самоубиство, јавија денеска локалните медиуми.

Поранешниот шампион во велтер и супер лесна категорија, познат по својот агресивен стил и прекарот „Убиецот“ (The Hitman), беше пронајден мртов во својот дом во Хајд од негов близок пријател.

Според прелиминарниот обдукциски извештај, станува збор за самоубиство со бесење, а главното сослушување е закажано за 20 март следната година, објави Би-Би-Си.

Хатон беше еден од најлегендарните и најпопуларни британски боксери на сите времиња. Во текот на својата кариера, извојува победи во рингот против дузина големи боксерски имиња, а се бореше и со легенди како Флојд Мејведер Џуниор и Мани Пакјао.

По пензионирањето, Хатон беше тренер и боксерски промотор.