Connect with us

Фудбал

Сопствениците на Барнли го купија Еспањол

Американските сопственици на англискиот премиерлигаш Барнли се согласија да го преземат мнозинскиот пакет акции на шпанскиот прволигаш Еспањол, објави денеска клубот од ла Лига.
Британските медиуми јавија дека компанијата „Велосити Спортс Партнерс“, предводена од американскиот бизнисмен Алан Пејс, склучила договор околу преземање на Еспањол во вредност до 200 милиони евра.
Со овој договор завршува деветгодишно сопствеништво од кинескиот конгломерат Растар Груп.
„Фудбалот отсекогаш им припаѓал на своите луѓе“, рече Пејс, кој е претседател на Барнли од 2020 година.
„Нашата улога не е да го замениме наследството, туку да градиме врз него, со грижа, јасност и цел. Не станува збор за сопственост; станува збор за менаџмент“, додаде Пејс.
Еспањол, со седиште во Барселона, е основан во 1900 година и има богата историја во шпанскиот фудбал. Поголемиот дел од своето постоење го помина во Ла Лига и се гордее со страсни навивачи.